Што да подарите за Нова Година
Кој подарок да се избере за која пригода е прашање со кое секој од нас барем еднаш се соочил како предизвик.
Убавината на подарувањето се крие и кога тоа го правиме без посебен повод, причина или очекување од личноста на која подаруваме.
Месецот Декември е сигурна најава за наближувањето на Нова Година, а тоа значи и време за спремање, нарачка или рачна изработка на новогодишни подароци.
Кога станува збор за новогодишен подарок за дечиња, изборот не ретко паѓа, на традиционалните новогодишни пакетчиња, кои содржат чоколади од 300 грама, како и чоколатца во многу форми и вкусови, на кои децата многу се радуваат а не ретко и нивните родители.
Традиционалните новогодишни пакетчиња, се лесен, непогрешлив и секогаш добредојден подарок кај децата, тоа не би го оспориле. Но нашето прашање е, која е Вашата идеја за функцијата на подарокот, дали е тоа само завршувањето на обврската да подарите нешто или би сакале тоа да биде подолготраен, посебен и функционален подарок.
Доколку се сложите, и доколку самите не сте активни поддржувачи на „слатките задоволства“ ние би споделиле неколку идеи со Вас, и секако оставаме сами да одберете и одлучите која идеја за Вас е нај примамлива.
Нашите пет подарок фаворити се следните производи:
Започнуваме со најпознатата и за нас ФАВОРИТ подарок за секоја прилика КНИГАТА
Книгата е подарок, кој лесно се пакува и украсува,
Немора да се грижите дали подарокот ќе Ви се растопи доколку го чувате во потопла просторија или пак дека ќе помрзне додека го однесете за подарок
Истата развива фантазија, може да Ве насмее, замисли или побуди друга силна емоција, која тешко Ве остава рамнодушни
Нема рок на употреба ( тоа со сигурност го тврдиме)
Во најлош случај ако се погоди да подарите наслов кој веќе го имаат, тоа е само уште еден доказ дека сте го направиле вистинскиот избор и воопшто не е на штета убавите наслови да ги имаме во повеќе од еден примерок – за секој случај 🙂
КУТИЈА СО УНИКАТНИ ЧОРАПИ или ПАР ЧОРАПИ
Не секојдневен, не многу популарен, но сепак штосен и уникатен подарок.
лесно се пакува и украсува
Зборува за тоа дека сте потрошиле од вашето време, со внимание сте го бирале подарокот за саканите личности и не сте се одлучиле за некој стандард подарок
Ќе ги грее саканите личности, и секако јасно ќе ги потсетува дека подарокот е лично од Вас
Зависно од дезенот и мотивите, може да изнуди насмевки или прашања од љубопитни погледи
БАНДАНА
Можеби ќе речете дека ова воопшто не е соодветен подарок но еве неколку факти да го побиеме сомнежот:
Доколку личноста е спортски тип или рекреативно качува планини – макар само и за викенд, банданата е повеќе од добредојдена.
Кај нас во последните 2 годинин се поврзува со пандемијата, но интересното е што таа како подарок е повеќе наменска:
Има стандардна големина- што го елиминира стравот од погрешен број
Заштитува од студено време,
Го апсорбира потењето,
Може да се носи како стегач,
Како моден додаток и секакот
Доколку ја намерисате со Вашиот препознатлив парфем, гарант дека саканата личност ќе ја носи 24/7
ПАПУЧИ
Доколку имате блиска личност за која знаете доволно ( вклучувајќи го и број на чевли) крзнените папучи, се супер идеја
Зборуваме за квалитетни, удобни и топли папучи кои со гаранција ќе бидат запаметен подарок, кој секојдневно ќе ги топли вашите сакани.
Но тоа е идеја за една Нова Година, бидејќи беспрекорниот квалитет се погрижил тие да траат…и траат неколку години.. Имајте го тоа во предвид.
ПОСТЕЛНИНА
Можеби ќе си кажете, дека е луда идеја, но ние не се сложуваме со тоа.
За нас подарокот, треба да биде, квалитететн, функционален па на крај ако може и уникатен. Постелнината е нешто за што секој ќе Ви биде благодарен. Секако треба доволно да ја познавате личноста, но ние сме убедени дека секој Би се израдувал на нова постелнина.
Секако во овој период од годината најрекламирани се оние со новогодишни мотиви, но сакаме да потсетиме на можноста дека истите се доста ограничувачки доколку сакате да одите со подарок, кој не е ограничувачки во користењето на еден до два месеци во годината.
И за крај, доколку се уште сте во дилема и финансиската ситуација на дозволува да Ве тресе новогодишната треска, имајте спремни искрени насмевки и прегратки, и истите немојте во никој случај да ги штедите.
Вашите урбани небуловци.