Верувале или не, интересен е податокот дека луѓето поретко и со доза на резерва се однесуваат кога станува збор за купување на бебешка облека од интернет.
Напоменуваме дека станува збор за регистрирани, познати и проверени продавачи на бебешка облека, кои сепак најголемиот дел од своите залихи го трошат во физичките продавници, каде потрошувачите можат да ја видат реалната големина и материјалот на производот.
Зошто е тоа така?
По разговорите со некои искусни сопственици на онлајн продавници со долгогодишно искуство, причината се бара во загриженоста, претпазливоста, па и слободното време кое вообичано го имаат мајките пред доаѓањето на новороденчето, и сакаат да бидат сигурни дека го избрале најдоброто за своето малечко.
Факт е дека димензиите, како на другата облека, така и на бебешката варира со делумна разлика ( некои се со поголема а други со помала серија) за ист производ, и за иста возраст кај бебе.
Но доколку Вие треба да купите подарок за некое бебе, тогаш нашите совети би оделе во следната насока :
– Купувајте само 100% памук, со недвосмислена декларација за потекло и квалитет на производот
– Ништо не зачудува фактот дека голем број на родители се одлучуваат за уште полимитирачки можности, и преферираат органски памук за своите малечки
– Купувајте од регистрирани трговци, кои Ви обезбедуваат доказ за плаќање, но уште поважно Ви овозможуваат право на замена на производот или во крајна инстанца рефундирање на средства
– За да бидете на сигурната страна, или купете работи кои се со стандардна величина ( ќебе, постелнина, пелени) или одете со една до две величини поголеми од возраста на бебето,
– И секако внимавајте да ако купувате сезонска облека или обувки, да бидете навистина сигурни дека истите ќе можат соодветно да бидат искористени
Проверете ја понудатата на бебешки парчиња од Тритекс и Ready Group што останале уште на залиха.
Силен бебешки уааа-уааа-уааа поздрав.
Проверете ја понудатата на бебешки парчиња од Тритекс и Ready Group што останале уште на залиха – https://bit.ly/3KlWq0S
No Comments