Небула се роди во далечната 2007 година, во едно симпатично поткровје на стара зграда во населбата Мичурин. Името го доби од една прочуена графичарка од Скопје, на која и ден денес и благодариме за изборот.

Во тие години на кревскост и истражување, Небула не беше заинтересирана за промоција и публицитет па остана во сенка цели 13 години, се додека конечно не реши да тргне во себереализација во летото 2020. Кумата Магде тогаш и го додаде името Урбан и така се заокружи идентитетот на Урбан Небула.

Проектот Урбан Небула има за цел да ги обедини сите оние што тешко доаѓаат до израз не само во местото каде што се наоѓаат, туку и на полето во кое што се натпреваруваат. Урбан Небула смета дека ако сите здружено одиме кон целта, полесно ќе ги надминеме препреките на патот.

Постулати од кои се водиме се препознатливиот квалитет на услуга, професионалноста, пожртвуваноста и несебичноста со кои сме наоружани на патот кон реализирање на нашата и Ваша цел.

За добрата идеја да стане одличен бизнис, секако е потребен добар тим. Разбирливо, секој за својот тим зборува во суперлатив. Ние ќе бидеме искрени со Вас и ќе Ви признаеме дека можеби не сме најдобриот тим на светот, зашто секоја од нас е посебна и комплексна приказна за себе. Но заедничката цел како водилка и искреноста, упорноста, несебичноста, креативноста и храброста не прават ако не најдобри – тогаш сигурно посебни.

Урбан Небула го сфаќаме како одличен предизвик да ги обединиме сите наши визии и да ги насочиме кон нешто што не е само себерализација, туку истовремено и проширување на можностите и хоризонтите на сите оние кои што се во групата на мали бизниси.

Можеби ќе звучи како клише, но оваа цел секако полесно се постигнува кога се гледа заедничкиот наспроти сопствениот интерес и тој став го пресликуваме во секој аспект од растот и работата на Урбан Небула.

Од Вашите Магдалена, Јадранка, Ивана и Гордана, необично обични ентузијастки.