Да постојат и такви 🙂
Не се тоа роденденски, осмо мартовски или свадбени, туку напротив новогодишни честитки.
Тие се тие честитки, што во денешно време во 90% се заменети со стандард СМС или Viber порака, со која на сите пријатели, непријатели, познаници, роднини и соседи им ги честитаме новогодишните и божиќните празници. Или уште полесно ќе им препратиме една слика со новогодишен или божиќен мотив, многу често текстот е и на некој од другите јазици, и со тоа нашата обврска за испраќање на искрени желби и посакувања на убавини во новата година е завршена во рекордно кратко време.
Новогодишните честитки, имаат некоја посебна новогодишна магија. Може да Ве насмее невештиот ракопис, правописот и содржината на истата.
Тие се од потрајна вредност ( доколку сте колекционер по природа) и многу јасно можат да Ве вратат назад во убави моменти, времиња и години, што тешко која СМС порака би можела да го постигне приближно истиот ефект.
Дури и новогодишната елка изгледа, побогато, поубаво и по празнично доколку е украсена со некоја новогодишна честитка.
Нашиот old school совет е : доколку неможете да најдете новогодишни честитки, или истите се продаваат по “солени“ цени, креирајте си Ваша, автентична, колоритна и уникатна честитка, која ќе може да каже многу повеќе од тоа што Вие сте мислеле да напишете.
Ваши – old school небуловци.
No Comments