Како да купите?

Процесот на купување е  многу едноставен.

Откако ќе изберете и селектирате кои производи сакате да ги купите, проверете ја содржината на  Вашата кошничка. Доколку производите и количината на истите е конечна кликнете на оди кон плаќање. Во тој момент имате две опции :

  • Внесување на Вашите податоци : Име и презиме, е-маил, телефонски број за контакт, адреса за достава. Доколку сметате дека треба да внесете некоја забелешка за доставата, Ве молиме впишете во просторот за забелешки. Потоа го избирате начинот на достава  и методот на плаќање.;
  • Најавување со Вашето корисничко име и лозинка доколку сте веќе регистриран корисник. Во тој случај останува само да го изберете методот на плаќање и начинот на достава и секако по потреба внесувате забешка во просторот за забелешки.

Напоменуваме дека одговорноста за точноста на внесените податоци е Ваша. Во случај да воочите грешка во некој од податоците во најкраток можен рок ве молиме да не информирате на следнава е-маил адреса: info@urbannebula.mk.

Задолжително Ве молиме да ни го кажете бројот на пратката кој можете да го најдете во пораката добиена од наша страна, а испратена на Вашиот е-маил.

Враќање на производ

Враќањето на производ е едноставно и лесно. Единствено мораме да споменеме дека  од хигиенски причини не се враќаат или заменуваат производите за кои има известување при самото купување дека тие производи не се предмет на замена или враќање.

За секој останат производ важи правилото дека истиот може да се врати во рок од пет дена од денот на добивањето, а притоа истиот да не бил употребуван,  да се сочувани  изгледот, употребните својства и пакувањето, а фабричките етикети  да бидат на самиот производ.Во тој случај пристапувате кон пополнување на  писмената  форма  која ја имате добиено како прилог на нарачката, го обележувате производот кој го враќате, причината за враќањето и потпис од ваша страна.

Пополнетата форма заедно со производот ги ставате назад во  кутијата во која ви биле испорачани. На кутијата ја лепите етикетата на која е содржана информација за адресата на примачот, број на пратката и Вашите податоци во улога на испраќач.

Пратката ја носите во просториите на Карго Експрес. Ве молиме овде проверете го работното време на експозитурата најблиску до вас . http://www.kargoekspres.mk/contactus.aspx

Важно: При враќање на пратката, купувачот го покрива трошокот за истата, без оглед дали доставата била со плаќање или бесплатна.

Во случај на враќање на производ и поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Урбан Небула има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.  За поврат на средства за производ платен по достава, потребно е на формата за враќање на производот  да ги впишете и точните податоци за Вашата трансакциска сметка и банката во која е отворена сметката.

Рекламации

Сите производи пред да бидат испратени се прегледани и проверени од наша страна. Но, во случај да добиете производ кој што од било која причина е оштетен, Ве молиме без одложување да не информирате на следнава е-mail адреса: info@urbannebula.mk. Во моментот кога ќе ја вратите оштетената пратка назад на наша адреса, ние веднаш ќе Ви испратиме нова пратка или пак на Ваше барање ќе Ви бидат вратени паричните средства на Вашата трансакциска сметка.

Услови за испорака

Доставата се врши преку компанијата КАРГО ЕКСПРЕС. При нарачката имате можност да ги изберете следните опции:

  • Достава до дома на вашата односно на адресата на примачот;
  • Подигнување од канцелариите на Карго Експрес во местото за испорака

Важно: Рокот за подигнување на пратката изнесува три дена, по што пратката се враќа на адреса на Урбан Небула.

Опцијата подигнување од локација е засега само во Пехчево, и во тој случај секоја нарачка направена до 20.00 часот, можете да ја подигнете првиот нареден работен ден од адресата Ул. Јулија Веселинска бр.34 во Пехчево, секој работен ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот.

Во зависност од вредноста на нарачката доставата може да биде со доплата или бесплатна :

  • Доставата чини 130 денари за пратки со вредност пониски од 1.500,оо денари;
  • Доставата е бесплатна доколку вредноста на нарачката е над 1.500,оо денари.
  • За нарачките подигнати од локација не се наплаќа дополнителен износ без оглед на висината на нарачката

Плаќање

Плаќањето на производите може да се изврши на два начини и тоа:

  • Плаќање со картичка

(Напоменуваме дека при плаќањето се наплатува целокупниот износ и не е возможно плаќање на рати);

  • Плаќање во кеш на  курирската служба при испорака на купените производи.