Како да купам?

Процесот на купување е многу едноставен. Откако ќе изберете и селектирате кои
производи сакате да ги купите, проверете ја содржината на вашата кошничка. Доколку производите и количината на истите е конечна кликнете на оди кон плаќање. Во тој момент имате две опции:

  • Внесување на Вашите податоци : Име и презиме, е-маил, телефонски број за контакт, адреса за достава и доколку сметате дека треба да внесете некоја забелешка за доставата Ве молиме впишете во просторот за забелешки. Потоа го избирате начинот на достава и методот на плаќање;
  • Најавување со Вашето корисничко име и лозинка доколку сте веќе регистриран корисник. Во тој случај останува само да го изберете методот на плаќање и начинот на достава, и секако по потреба внесувате забешка во просторот за забелешки. Напоменуваме дека Ваша е одговорноста за точноста на внесените податоци. Во случај да воочите грешка во некој од податоците, во најкраток можен рок Ве молиме да не информирате на е-маил: support@urbannebula.mk
    Задолжително Ве молиме да ни го кажете бројот на пратката, кој можете да го најдете во пораката добиена од наша страна, а испратена на вашaта е-маил адреса.

Дали морам да бидам регистриран корисник за да направам нарачка?

Во процесот на купување имате две опции: можете да ги зачувате Вашите податоци и да се регистрирате како корисник на нашата Веб продавница или при секое купување
можете да ги внесувате Вашите податоци одново и не мора да фигурирате како
регистриран корисник во нашиот систем.

Како да се логирам во случај на заборавена лозинка?

Кликнете на “Најави се”, и потоа на линкот “Заборавена лозинка?” Внесете го Вашиот е-маил на кој сакате да Ви пристигне линк за впишување на нова лозинка.

Како да пријавам дека имам внесено погрешен е-маил?

Во случај да ја воочите грешката за погрешен е-маил во најкраток можен рок Ве молиме да не информирате на или на е-маил: support@urbannebula.mk. Задолжително Ве молиме да ни ги кажете следните податоци: Име и презиме, Ваш телефонски број, датум на нарачката и содржина на нарачката .

Како да пријавам дека имам проблеми во процесот на зачувување на нарачката и плаќање на истата?

Ве молиме да вашиот проблем го пријавите на е-маил support@urbannebula.mk

На кои начини може да се врши плаќање:

  • со кредитна картичка
  • плаќање во кеш на  курирската служба при испорака на купените производи
  • Плаќање со уплатница или е-трансфер

Во случај да плаќањето сакате да го извршите преку уплатница (е-трансфер) Ве молиме да паричните средствата ги уплатите на:
Назив на примач: УРБАН НЕБУЛА ДОО
Број на сметка :200003788811456
Банка на примач: Стопанска Банка АД
Цел на дознака : Број на нарачка ХХХХХ

На кои начини се врши достава?

Доставата се врши преку компанијата КАРГО ЕКСПРЕС. При нарачката имате можност да ги изберете следните опции:

  1. Достава до Вашата, односно до адресата на примачот;
  2. Подигнување од канцелариите на Карго Експрес;
  3. Подигнување од локација.

Дали вршите достава надвор од Северна Македонија?

Доставата засега се врши само на територијата на Северна Македонија.

Дали имате продавници во некој од градовите во Северна Македонија?

Не. Урбан Небула е исклучиво интернет продавница.

Кој е рокот за враќање на производите?

Производите се враќаат во рок од пет дена од денот на приемот на производот.

Напомена: производите како долна облека и чорапи не се предмет на враќање!

Дали може да се вратат нарачаните производи и кој е начинот за повраток на средства?

Враќањето на производите е едноставно и лесно. Единствено мораме да споменеме дека  од хигиенски причини не се враќаат или заменуваат производите како долна облека и чорапи и за истото има известување дека тие производи не се предмет на замена или враќање.

За сите останати производи важи правилото производот се врати во рок од пет дена од денот на добивањето и истиот да не бил употребуван; да се сочувани  изгледот, употребните својства, пакувањето и фабричките етикети  да бидат на самиот производ;

Притоа ја пополнувате писмената  форма  која ја имате добиено како прилог на нарачката, го обележувате производот/те кој/и го/ги враќате, причината за враќањето и потпис од ваша страна.

Пополнетата форма заедно со производот ги ставате назад во кутијата во која ви биле испорачани. На кутијата ја лепите етикетата на која е содржана информација за адресата на примачот, број на пратката и вашите податоци во улога на испраќач.

Пратката ја носите во просториите на Карго Експрес. Ве молиме овде проверете го работното време на експозитурата најблиски до вас: http://www.kargoekspres.mk/contactus.aspx

Напомена: При враќање на пратката, купувачот го покрива трошокот за истата, без оглед дали доставата била со плаќање или бесплатна.

Во случај на враќање на производ и поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Урбан Небула има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.  За поврат на средства за производ платен по достава, потребно е на формуларот за враќање на производот да ги впишете и точни податоци за Вашата трансакциска сметка и Банката во која е отворена сметката.

Дали се наплаќаат трошоци за достава?

Доставата чини 130 денари за пратки со вредност пониски од 1.500,00 денари.

Доставата е бесплатна доколку вредноста на нарачката е над 1.500,00 денари.

Во случај на подигнување на производите од локација (Пехчево), не се засметува дополнителен трошок.

За колку дена вршите испорака?

Испораката се врши за 1 до 2 работни дена.

*Поради ситуацијата со Ковид-19, и обемот на работа во Карго Експрес рокот на испорака може да биде пролонгиран.

Што во случај ако не ја подигнам пратката во рок од три дена од просториите на Карго?

Во тој случај пратката се враќа назад на адреса на Урбан Небула и ќе треб дополнително да не контактирате за начинот на достава. Трошокот за повторнат достава ја покрива самиот купувач.

Сакам да остварам соработка со Урбан Небула, каде да се обратам?

Ги охрабруваме сите оние кои сакаат да воспостават сработка со нас, слободно да ни испратите порака на  info@urbannebula.mk, во која се содржани податоци за вас како физичко или правно лице, податоци за контакт, понудата што ја имате за нас или предлог за начинот на кој би можеле да соработуваме и ние ќе ви одговориме во најкраток можен рок.

Ако овде не успеавте да го најдете одговорот на Вашето прашање, можете слободно да ни се обратите на  info@urbannebula.mk и ние ќе Ви одговориме во најкраток можен рок.