1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на www.urbannebula.mk се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.urbannebula.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).
  2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни и нашата одговороност престанува тука.
  3. При секое електронско плаќање, трансакцијата е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Стопанска Банка АД Скопје и во целост ќе биде процесирана од страна на овластено друштво за процесирање на електронско плаќање. Урбан Небула ДОО нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка. Tие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката, преку сигурносна врска.
  4. Посетата на нашата Веб страница e анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формата за регистрација при купување од нашата интернет продавница.
  5. Со пристапување и користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата Веб страница.
  6. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.
  7. За време на  регистрацијата на нашата Веб страна, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:
    • име и презиме
    • е-маил (електронска пошта);
    • адреса за испорака на нарачката и адреса за доставување на фактура по Ваше барање;
    • телефон за контакт.

    Освен горенаведените податоци од нашите корисници дополнително може да се собираат и други податоци во зависност како корисниците вршат интеракција со нашата Веб страна. Податоци може да се собираат при користење на Веб страната и пристапување од мобилен или десктоп уред, кога корисниците одговараат на електронски пораки (e-mail), кога контактираат со вработени во Урбан Небула ДОО или техничка поддршка, кога остават  дополнителни забелешки при процесот на купување, оставаат сугестии и коментари на Веб страната и кога коментираат на нашите профили на друштвените мрежи како Фејсбук, Инстаграм  и слично.

  8. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
  9. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен ако тоа не е потребно за извршување на некоја услуга која Вие сте ја побарале. Ние ќе ги дадеме Вашите информации на трети лица, како што се доставувачи, договорни странки –добавувачи и трети лица кои се задолжени за Ваша идентификација при предавање на пратката на местото кое сте го избрале за преземање на истата. Сепак овие странки се задолжени со договор да ги чуваат во тајност сите лични кориснички податоци споделени со нив од страна на Урбан Небула ДОО. Ние не користиме надворешна компанија која ги обработува Вашите лични податоци.
  10. Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
  11. Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
  12. Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на Ваше писмено барање, Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.
  13. Нашата Веб страница го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.
  14. Доколку имате специфични прашања за заштитата на приватност, а истите не се опфатени во нашата Политика за приватност, слободно контактирајте нè преку Контакт страната на нашата е-продавница или пак на е-маил адреса: support@urbannebula.mk
  15. Доколку сакате Вашите податоци да бидат коригирани или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: support@urbannebula.mk