Враќањето на производ е едноставно и лесно. Единствено мораме да споменеме дека  од хигиенски причини не се враќаат или заменуваат производите за кои има известување при самото купување дека тие производи не се предмет на замена или враќање.

За секој останат производ важи правилото дека истиот може да се врати во рок од пет дена од денот на добивањето, а притоа истиот да не бил употребуван,  да се сочувани  изгледот, употребните својства и пакувањето, а фабричките етикети  да бидат на самиот производ.Во тој случај пристапувате кон пополнување на  писмената  форма  која ја имате добиено како прилог на нарачката, го обележувате производот кој го враќате, причината за враќањето и потпис од ваша страна.

Пополнетата форма заедно со производот ги ставате назад во  кутијата во која ви биле испорачани. На кутијата ја лепите етикетата на која е содржана информација за адресата на примачот, број на пратката и Вашите податоци во улога на испраќач.

Пратката ја носите во просториите на Карго Експрес. Ве молиме овде проверете го работното време на експозитурата најблиску до вас . http://www.kargoekspres.mk/contactus.aspx

Важно: При враќање на пратката, купувачот го покрива трошокот за истата, без оглед дали доставата била со плаќање или бесплатна.

Во случај на враќање на производ и поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Урбан Небула има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.  За поврат на средства за производ платен по достава, потребно е на формата за враќање на производот  да ги впишете и точните податоци за Вашата трансакциска сметка и банката во која е отворена сметката.