Почитувани корисници,

Најпрвин Ви се заблагодаруваме за посетата на нашата електронска продавница и на довербата што ја имате во нас.

Со цел да ја одржиме довербата кај нашите купувачи, а истовремено и да Ви овозможиме пријатно онлајн купување, Ве молиме пред да ги користите нашите услуги, внимателно прочитајте ги нашите услови за користење.

Секој купувач при посета на нашата страница, регистрација или купување изјавува дека е запознаен со условите за користење и дека е во целост согласен со истите. Доколку сметате дека овие услови за користење се неприфатливи за Вас, Ве замолуваме да не ја користите оваа страница.

Секоја промена во условите за користење ќе биде објавена на нашата интернет страница www.urbannebula.mk. Истата таа промена стапува на сила од моментот на нејзината објава. Со Вашето понатамошно користење на страницата Вие автоматски ја прифаќате и се согласувате со објавената промена.

Од овие причини Ве замолуваме повремено посетувајте ја нашата страница за да бидете во тек со сите важечки услови за користење, затоа што овие услови се обврзувачки за Вас како корисник.

 Општи одредби

Урбан Небула ДОО увоз-извоз – Пехчево Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените Услови за користење. Условите за користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.urbannebula.mk

Користењето на оваа веб страница www.urbannebula.mk значи дека сте  запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

 Податоци за користење

Друштво за трговија и услуги Урбан Небула ДOO увоз-извоз – Пехчево (во продолжение на текстот Урбан Небула) регистрирано за вршење на дејност 47.91 – Трговија на мало преку пошта и интернет со адреса на:

ул. „Јулија Веселинска“ бр. 34, 2326 Пехчево
ЕМБС  7460260 и
ДБ: 4070020501262
e-маил : info@urbannebula.mk
www.urbannebula.mk

Урбан Небула ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) објавени на www.urbannebula.mk, односно поседува право на користење на овие содржини од носителите на авторските права на истите.

Урбан Небула ја има заштитено трговска марка Урбан Небула (во изглед) и Урбан Небула брендот како авторско дело. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување или на друг начин менување на оваа веб-страница ( www.urbannebula.mk ) без претходно добиена писмена согласност од Урбан Небула е строго забрането и во спротивно може да доведе до кривично и прекршочно гонење на физичките и/или правните лица кои ги повредиле авторските права и правата од индустриска сопственост на www.urbannebula.mk

Заштита на приватност на податоците

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се основните Ваши податоци: име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, град/населено место, е-маил и број на телефон.

Доколку нарачателот и лицето за прием на пратката се разликуваат, во тој случај се внесува име и презиме на примателот, адреса на живеење, град/населено место и број на телефон.

Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата Урбан Небула се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно  деловните пракси  со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка поддршка во Урбан Небула се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето, односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се извршуваат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме, односно „Стопанска банка“, која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците, истите се обработуваат преку безбедносниот протокол на банката. Податоците од Вашата платежна картичка не се видливи за нас.

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.urbannebula.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законот  за заштита на личните податоци како и другите релевантни прописи.

Повеќе информации за заштитата на личните податоци можете да најдете во делот Политиката на приватност.

Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) кои можат да се најдат на оваа веб страна се поставени по основ на соработка и истите се со цел исклучиво да Ви го олеснат онлајн купувањето. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите објавени на нашата веб страна, поврзувањето ве пренасочува на страната која Вие самостојно ја имате изберено и притоа во истиот момент престанува нашата одговорност.

Креирање на налог за купување

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница истото можете да го направите во улога на анонимен посетител или во улога на  регистриран корисник. Доколку ја користите нашата веб страна за почесто купување на производи во тој случај најдобор е да бидете регистриран корисник.

Процесот на регистрација е многу едноставен и при првата најава потребно е да ги внесете само Вашите основни податоци: име, презиме, адреса, град/ населено место,  е-маил и телефонски број.

Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашата електронска пошта ќе добиете линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

При секое следно купување Вие се најавувате со Вашиот кориснички профил.

Во секое време можете да се најавите и да извршите промена на Вашите лични податоци  доколку тоа е потребно.

Ако сакате да купувате како анонимен купувач тогаш повторно се внесуваат основни податоци: име, презиме, адреса, град/населено место, е-маил и телефонски број, но истите не се зачувуваат, Вие немате профил и при секоја нарачка одново треба да ги внесувате Вашите податоци. Во овој случај е-маилот служи само за добивање на потврдна порака дека успешно ја имате завршено нарачката, како и број на нарачка.

Избор на производи

На почетната страница поставено е главно мени каде може да избере разгледување на производите според категорија вид на производи: машки, женски и детски. Со избор на производи машки, женски или детски се отвора паѓачко мени со секции: облека, обувки и модни додатоци и соодветните групи производи кои спаѓаат во нив.

Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, боја, големина и цена. Со избор на полето во квадратчето покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата.  Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да го внесете името на производот, името на брендот, намената и сл.

Се обидовме со по неколку фотографии од различен агол за секој производ да Ви ја доловиме целосната слика на производот. Доколку сакате да купите одреден производ притиснете на полето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА” за што ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Преглед на кошничката

Откако сте направиле избор на производот/те што сакате да ги купите во секој момент овозможен е преглед на кошничката. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите /намалите нивниот број.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од Вас ќе биде побарано да изберете дали сакате да  регистрирате или најавите на својот профил, или да продолжите како анонимен купувач. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето.

Доколку не сте сигурни дека сте завршиле со купувањето и сакате да направите измени, кликате на полето „ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ“.

Откако ќе завршите со изборот на производи и изборот на производи во Вашата кошничка е конечен, можете да продолжите кон плаќање. Цените прикажани на производите се крајни цени. Вкупната цена ќе биде збир на цените на секој производ одделно и во делот износ на достава ќе стои вредност 0 (нула)  денари доколку износот на вкупната вредност на производите е  еднаква или повисока од 1500,оо (илјадаипетстотини) денари.

Доколку вкупната вредност на производите е пониска од 1500,оо (илјадаипетстотини) денари, во тој случај за делот износ на достава автоматски се додава износ од 130,оо (стоитриесет) денари и вкупната сума за плаќање претставува збир на цените на секој производ одделно зголемена за 130,оо (стоитриесет) денари.

ВАЖНО – Вие како клиент сте целосно одговорни за точноста на податоците кои ги внесувате ( име, презиме, адреса и место на испорака, телефонски број за контакт).

Доколку од било која причина е внесен погрешен податок, Ве молиме во најкраток можен рок да не известите за тоа, со цел да нема недоразбирање при испораката односно грешка во доставата.  Известувањето може да го направите на нашиот е-маил  support@urbannebula.mk.

Плаќање

Плаќањето може да се изврши со VISA EC/MC или Maestro картичка или во готово.

Достава

Рокот на испорака е  од 1-2 работни дена ( Понеделник до Петок).

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не Ве најде на дадената адреса во тој случај Ви остава картичка каде е наведен бројот на пратката и локацијата од каде може истата да ја подигнете.

Доколку пратката не ја подигнете од наведената локација во рок од 3 работни дена,  во тој случај пратката ќе ни биде вратена.

По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Повторната достава е на Ваш трошок без оглед на тоа дали се работи за бесплатана достава или сте платиле за доставата првиот пат.

Во случај како опција да имате изберено подигнување од локација, во тој случај секоја нарачка направена до 20.00 часот, можете да ја подигнете првиот нареден работен ден од адресата Ул. Јулија Веселинска бр.34 во Пехчево, секој работен ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот.

Рекламации и враќање на производ

Откако курирската служба ќе Ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања,  односно  производот не е во согласност со Вашата нарачка, Ве молиме да ни испратите мејл  со свои податоци (име, презиме и телефон и број на пратка) на адресата support@urbannebula.mk.

Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката како би можеле да Ви обезбедиме нов неоштетен производ.

Оштетената пратка или дел од истата може да вратите едноставно преку пополнување на писмената форма што ќе ја најдете во прилог на пратката. Едноставно пополнете ја истата, ставете ја заедно со производот во кутијата, залепете ја налепницата за поврат на пратката и истата доставете ја до просториите на Краго Експрес.

Во случај на враќање на роба и поврат на средства на купувачот  без оглед на причината за враќање како и начинот на кој е извршено плаќањето, Урбан Небула има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво на трансакциска сметка на купувачот преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Доколку плаќањето е извршено во готово при подигнување на пратката, купувачот е должен да наведе на која трансакциска сметка треба да се изврши рефундирањето на средствата.