-12.5%

Последна граница – Книга ПРВА: Истапени сечила

350.00 ден

Во првата половина на 22-от век, демократијата како облик на општествено уредување веќе одамна не постои и заменета е со неократијата, милитаристичко општество, чијашто главна и единствена цел е да се зачува планетата Земја и да се поттикне човековата еволуција.

Во времето кога во Европа и Африка царува наследникот на античката Римска империја ̶ моќната Медитеранска Унија, кога Азија ја делат Сесловенскиот сојуз и Синг Федерацијата… кога Јужна Америка е една огромна држава, а од пеплиштата на некогашните САД, се издига молчаливиот Тексашко-алигенски сојуз, во архипелагот острови кај некогашно Чиле, се раѓаат Големите Куќи.

Анести Симон Рико, младиот центурион и поданик на Големата Куќа Рико, ќе се најде во беспоштедна борба за својот и животот на неговите најмили. Борба против останатите Големи Куќи и мистериозното Братство на Интервентите, коешто има свои планови за иднината на човештвото. Борба што ќе ја измени историјата и ќе им даде сосема поинаков тек на настаните.

„Последна граница: Истапени сечила“ е првиот дел од научно фантастичната авантура, исполнета со eксплозивна акција, беспоштедни битки и блицкриг војни. Авантура што ќе ве држи напнати до последната страница и нема да ви дозволи да мислите на ништо друго, освен на нејзиното продолжение

4 на залиха

Спореди
K01 033. 4 на залиха Не е достапно , . , , , , , .

Опис

Авторот Зоран Милошевски е роден  во 1981 година во Битола.
Основно и средно образование завршил во Ресен, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Живее и работи во Ресен, Македонија.
„Сага за Тројство“ е негово прво објавено дело.
Првиот дел од серијалот „Последна граница: Истапени сечила“ е негово второ објавено дело и излезе од печат во август 2019 година.
Голем љубител на пишаниот збор, која љубов несебично ја споделува со читателите преку своите дела.
Во своите научно фантастични романи тој многу вешто открива нови светови, отвара многу прашања, создава херои кои денес очигледно ни недостасуваат
и пред се раскажува приказни кои никако нема да Ве оставаат рамнодушни.