-12.5%

Последна граница – Книга ТРЕТА: За грст пекол

350.00 ден

Веќе век и половина човештвото водено од челичната рака на општественото уредување наречено „неократија“ го доживува својот процут. И додека некои од Големите Куќи полека и срамежливо чекорат кон новата ера наречена Sвездена експанзија и ги градат првите меѓуѕвездени бродови, Големите Куќи од архипелагот Вега се соочуваат со најголемата закана од нивното постоење.
Древниот непријател се враќа и ништо не може да го сопре во намерите.
Освен, можеби еден човек…

4 на залиха

Спореди
K01 035. 4 на залиха Не е достапно , . , , , , , .

Опис

Авторот Зоран Милошевски е роден  во 1981 година во Битола.
Основно и средно образование завршил во Ресен, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Живее и работи во Ресен, Македонија.
„Сага за Тројство“ е негово прво објавено дело.
Третиот дел од серијалот „Последна Граница“, наречен „За грст пекол“ излезе од печат во август 2022.
Голем љубител на пишаниот збор, која љубов несебично ја споделува со читателите преку своите дела.
Во своите научно фантастични романи тој многу вешто открива нови светови, отвара многу прашања, создава херои кои денес очигледно ни недостасуваат
и пред се раскажува приказни кои никако нема да Ве оставаат рамнодушни.