Ново

Сосем обичен ден

680.00 ден

Вечер е. Ива и Матеј размислуваат за нивниот здодевен ден. Сосем обичен ден во кој ништо не им се случи… Па, добро… Матеј направи стој на раце, отиде на пливање, си поседе малку, Ива здогледа пеперутка и се лизгаше на лизгалка. И токму тука испливува магијата на детската имагинација – мечтателно илустрирана од Марк Јасен. Зашто стој на раце Матеј направи врз главата на тигар. Се одмори на носот на огромен змеј, пливаше со некакви чудни, шарени риби. Ива се лизгаше на сурла од слон и ја виде пеперутката додека стоеше опкружена со медени мечиња.
Ива и Матеј одново нè турнуваат назад во светот во кој и ние некогаш си игравме со лавови и пеевме погласно од дречливите тропски птици. Чудесна книга која блеска со фантазија и ги брише сите граници меѓу сонот и секојдневието.

 

4 на залиха

Спореди
K01 015. 4 на залиха Не е достапно , . , , , , .

Опис

Сосем обичен ден – Марк Јансен
Сосем обичен ден – Марк Јансен
Ода на детската фантазија.
Возраст: 3+ISBN: 978-608-66218-0-3